• Импресум
Sunday, October 19, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Две лица уапсени, а пет повикани на разговор за изборен поткуп

19/10/2025
A A
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, истакнуваат од Министерството.

До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реагирала полицијата, откако имало обид да и се земе телефонот на новинарка на гласачко место
Вести

Реагирала полицијата, откако имало обид да и се земе телефонот на новинарка на гласачко место

19/10/2025
Независните кандидат не треба да собираат потписи
Вести

До 13:00 часот излезеноста 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти

19/10/2025
Независните кандидат не треба да собираат потписи
Вести

Излезеност од 9,38 проценти на изборите до 11:15 часот

19/10/2025
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок
Вести

МВР: 20 пријави за нарушување на предизборниот молк – 47 објави на социјалните мрежи

19/10/2025
ДИК: Гласањето на две избирачки места во Куманово и во Штип се одвива без фингерпринт уреди поради технички проблеми
Вести

ДИК: Гласањето на две избирачки места во Куманово и во Штип се одвива без фингерпринт уреди поради технички проблеми

19/10/2025
ДИК: Излезноста до 9:15 часот е 3%, гласањето се одвива без никакви проблеми
Вести

ДИК: Излезноста до 9:15 часот е 3%, гласањето се одвива без никакви проблеми

19/10/2025
Следна вест
Реагирала полицијата, откако имало обид да и се земе телефонот на новинарка на гласачко место

Реагирала полицијата, откако имало обид да и се земе телефонот на новинарка на гласачко место

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.