• Импресум
Friday, October 17, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Флотила со помош за Газа тргна од Барселона – на неа Тунберг и Канингем

02/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Флотила со помош за Газа тргна од Барселона – на неа Тунберг и Канингем

Флотила од десетици бродови натоварени со хуманитарна помош за Газа синоќа исплови од пристаништето во Барселона, откако се подобрија временските услови.

„Флотилата Глобал Сумуд“ мораше да се врати во Барселона поради лоши временски услови откако тргна од Барселона кон Газа на 31 август 2025 година, во хуманитарен напор за поддршка на палестинскиот народ. Иницијативата вклучува групи од 44 земји со 20 бродови.

Некои од бродовите на Глобалната мисија на флотилата „Сумуд“ засвирија сирени додека го напуштаа пристаништето. „Слободна, слободна Палестина“, извикуваа активисти собрани на пристаништето.

Меѓу учесниците во оваа пропалестинска акција се наоѓаат климатската активистка Грета Тунберг и актерот од серијата „Игра на тронови“, Лиам Канингем.

Флотилата има за цел да ја пробие израелската поморска блокада и да достави храна и неопходни хуманитарни материјали во енклавата, која е разурната од речиси двегодишната војна.

Израел тврди дека блокадата, воспоставена во 2007 година, е неопходна за да се спречи шверц на оружје кон палестинската милитантна група Хамас.

Обидите за пробивање на блокадата – вклучувајќи го и оној во јуни годинава, во кој исто така учествуваше Тунберг – властите во Тел Авив ги опишуваат како „пропагандни трикови“ во знак на поддршка на Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој сме
Вести

Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој сме

17/10/2025
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Можна е нова средба Трамп – Путин, овојпат во Будимпешта?

17/10/2025
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР

17/10/2025
Сончево и топло со локална облачност
Вести

Времето денеска претежно облачно

17/10/2025
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните
Вести

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

17/10/2025
Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност
Вести

Мицкоски: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е достоинствена и насочена кон решенија, СДСМ води црна кампања

16/10/2025
Следна вест
Одбележување на Деновите на европското наследство 2025

Одбележување на Деновите на европското наследство 2025

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.