Новата снежна покривка од околу триесетина сантиметри го наполни со туристи скијачкиот центар Попова Шапка. Претежно се санкаат и шетаат по снежните падини, скијачи и бордери нема оти ски лифтовите не работаат откако во декември поради високите температури снегот се истопи.
Туристите велат дека скијачкиот центар Попова Шапка е привлечен во текот на целата сезона, но жално е што речиси во сите соседни земји скијање има изминативе два месеци, а кај нас само неколку дена минатиот месец.
„Ние сме од Скопје, не пропуштаме кога сме слободни за време на викендите да дојдеме на Попова Шапка. Тука е убаво во текот на целата сезона, но кога работаат ски лифтовите врие како во кошница од туристи. Синот мој скија, но сега не е дојден, тој е на Копаоник каде има инсталација на вештачки снег таму работаат турбо, ние тука се молиме на господ да падне снег за да има скијање. Конечно треба и тука да се постават снежни топови, за да има скијање во текот на целата година“, вели нашиот соговорник
„Тука е одлично , денеска гледам врнежите се засилуваат, се надеваме дека утре ќе има скијање“, додава друг посетители од Тетово.
Скијачката сезона на Попоа Шапка започна во месец декември, но траеше неколку дека откако високите температури ја стопи снежната покривка
„Снегот и натаму врне така кажуваат и метереолозите дека ќе продолжи во текот на денот, ако наврне доволна снежна покривка утре ќе продолжи скијачката сезона“, изјави Адем Авзиу директор на скијачкиот центар Попова Шапка.
„Се надевам дека се исполнети условите кои треба инвеститорот да ги обезбеди, за да може Владата и Собранието да го одобри сето тоа. Ова е процес и мора да помине подолго време. Се собираат мислења од ресорни министерства, треба да се видат повеќе аспекти, економскиот, еколошкиот, социјалниот, не е едноставно. Мислам дека е при крај и ќе се види дали инвеститорот ги исполнил условите и дали треба да се склучи договор за стратешка инвестиција која би поминала во Владата а потоа и Собранието. Од наша страна се исполнети условите„ изјави Министерката за животна средина Каја Шукова.