Ученици од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола денеска реализираа едукативна посета на локалната самоуправа со цел да се запознаат поблиску со работата на општинските институции.
Посетата започна во салата на Советот на Општина Битола, каде што учениците присуствуваа на комисиска расправа и беа пречекани од претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, и советниците, кои ги информираа за улогата и значењето на Советот и начинот на неговото функционирање.
Учениците беа примени и во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, кој им објасни за надлежностите на градоначалникот, значењето на работата на општинската администрација и улогата на локалната самоуправа во секојдневниот живот на граѓаните.
Посетата заврши со доделување на новогодишни пакетчиња и заедничка фотографија со градоначалникот, наставниците и родителите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












