Значи, тие промени се видливи. Сакам да укажам на тоа дека само за еден случај, за случајот на Артан Груби, сме дошле до ситуација после две опомени, поради непостапување според нив, сме пратиле допис до премиерот, кој според Етичкиот кодекс треба да одлучи која е мерката што ќе ја изрече“, изјави денеска вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковса, прашан денеска дали ќе покрене некаква постапка по допрен глас во врска случаи во кои државни функционери одеа да се потпишат за претседателските кандидати со службени возила, рече дека досега не добиле фактичка состојба, да видат со аргумент дека тоа е така.
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска / Фото: Принтскрин
За потсетување, неодамна, додека траеше законскиот рок во кој кандидатите за претседател на државата собираа 10 000 потписи, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ беше „уловен“ од објективите на камерите како со службено возило доаѓа во подрачна единица на Државната изборна комисија (ДИК) во Карпош, да го даде својот потпис на кандидатот на СДСМ за шеф на државата, актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Маричиќ, откако овој негов потег се најде во медиумите, излезе со објаснување дека тој е во кругот на функционери кои имаат 24-часовно обезбедување и службено возило и дека сето тоа е уредено со закон и со владина уредба за обезбедување личности и објекти, па затоа, како што рече, многу често тој не се прашува и нема право на избор кога и каде да се движи со службено возило.
Маричиќ вели дека според владина уредба 24 часа му следуваат службен автомобил и обезбедување
Грковска, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на трибината за улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура, рече дека досега секогаш кога имале аргументи и доказ, кој покажува дека е прекршен Етичкиот кодекс, постапувале без разлика на тоа за кого станува збор.
„Така ќе биде и во овој случај“, рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење.