Kандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од Коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа преку социјалните мрежи истакна дека од денеска е невработен, и дека бара работа само во приватен сектор.
Рамадани вчера не стана градоначалник, односно неговиот противкандидат Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од него, и ќе ја извршува функцијата градоначалник на Општина Брвеница.
Претходно премиерот Мицкоски најави дека Рамадани ќе биде разрешен и од позицијата директор на Инспекторатот за локална самоуправа.
„Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании“, напиша Рамадани.







