• Импресум
Friday, October 17, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

И обложувачниците на протест ако се донесат измените на Законот за игри на среќа

16/04/2021
Време за читање: 1 минути
A A
И обложувачниците на протест ако се донесат измените на Законот за игри на среќа

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) бара од Владата да не ги имплементира измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри и да воведе квалитетен закон со кој ќе се постигнат низа позитивни промени. Од АСОМ на денешната прес-конференција предупредија дека ќе ги искористат сите расположиви средства, вклучително и протести за да го спречат донесувањето на законот.

-Асоцијацијата на спортските обложувалници во Македонија, членовите на Асоцијацијата, но и голем број на фирми соработници поставија повеќе од 250 коментари за Законот, што содржи низа нелогичности и ограничувања. Доколку се донесе Предлог-законот во оваа форма, одговорно тврдиме дека се става крај на легалното приредување игри на среќа и се оставаат на улица повеќе од осум илјади вработени во оваа дејност, изјави претседателот на АСОМ, Васко Илијевски на денешната прес-конференција пред Владата.

Илијевски посочи дека предлогот за воведување физичка дистанца на објектите за игри на среќа од основните и средните училишта е целосно неприфатлив.

Предлогот за дистанца од 500 метри значи затворање на повеќе од 98 проценти од објектите што сега работат, покажуваат анализите што ги направивме во изминатиот период. Физичката дистанца нема позитивен ефект врз навиките на играчите и никаде во светот, со ниту една студија не е прикажан позитивниот ефект. Стравуваме дека зад овој закон де факто стои интерес за забрана на легалната индустрија на игри на среќа и затворање на објектите, но можеби и други скриени интереси, истакна претседателот на АСОМ.

Ваквиот Предлог-закон нема да ја постигне целта за уредување на игрите на среќа, заштита на играчите или зголемување во приходот на буџетот, бидејќи, како што посочи Илијевски, со затворање на објектите ќе ги снема приходите во буџетот што изнесуваат повеќе од 250 милиони евра на годишно ниво.

Ваквиот Предлог закон ќе ја намали економијата, во услови на економска криза кога целото стопанство работи со половина капацитет и скратено работно време поради ковид мерките, ваквите експерименти се недозволени и можат да бидат многу опасни по домашната економија и вработувањата, додаде тој.

Како што посочи Илијевски, од оваа гранка директно и индиректно редовни примања имаат повеќе од 54 илјади луѓе, многу семејства ќе останат без приходи, а најмногу ќе настрадаат најмладите на кои ова им е единствен приход, што ќе доведе до зголемување на невработеноста кај младите лица.

Претседателот на АСОМ истакна дека Законот е целосно контрадикторен и економски неиздржан и се подготвува без соодветни економски анализи и импликации.

-Го поздравуваме предлогот за онлајн приредување игри на среќа што е прифатлив, но само доколку останатите аспекти на Законот се прилагодат според европските закони и пракса. Јасно порачуваме дека нема да напредуваме без добро осмислен европски закон. Со ваков Закон Владата ќе отвори пат за црн пазар, диви обложувалници, небезбедно играње и сива економија, додаде Илијевски.

АСОМ бара итно отстранување на физичката дистанца од Законот со цел превенција на затворање на индустријата и поставување на нов коригиран закон на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), сведување на давачките од пет илјади евра по уплатно место, на разумно ниво со цел економска исплатливост за приредувачите, како и јавна дебата со претставниците на Владата кои го предлагаат овој Закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој сме
Вести

Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој сме

17/10/2025
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Можна е нова средба Трамп – Путин, овојпат во Будимпешта?

17/10/2025
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР

17/10/2025
Сончево и топло со локална облачност
Вести

Времето денеска претежно облачно

17/10/2025
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните
Вести

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

17/10/2025
Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност
Вести

Мицкоски: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е достоинствена и насочена кон решенија, СДСМ води црна кампања

16/10/2025
Следна вест
Лесно даваат ветувања кои никогаш не ги исполнуваат: На овие хороскопски знаци немојте да им верувате

Лесно даваат ветувања кои никогаш не ги исполнуваат: На овие хороскопски знаци немојте да им верувате

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.