Авион на Ryanair се судри со камион за гориво на аеродромот во Единбург, по што патниците беа евакуирани како мерка на претпазливост.
Леталото требало да полета кон Фаро во 10 часот наутро. Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица. Очевидци велат дека авионот се движел со мала брзина во моментот на судирот, што спречило посериозни последици.
„Беше навистина ужасно искуство, иако пилотот се јави и се обиде да ја смири ситуацијата, велејќи дека не е ништо сериозно“, изјави еден од патниците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












