И додека гледаме како партиите се натпреваруваат во својот вокабулар за национализам, грижа за народот и државата, се повеќе граѓани заминуваат од Македонија.
Во време на Груевски државата по број на жители кои живеат овде драстично го намали своето население. Од друга страна СДСМ ветуваше дека една од главните цели ќе им биде борбата против иселувањето. Но, за жал и после седум години владеење на СДСМ, гледаме дека ваквите ветувања останаа само на збор. Но нејсе, не се единствени.
Многу граѓани заминуваат секојдневно од државата. Цели семејства се иселија од државата. По подобар животен стандард, подобро здравство, образование, инфрастуктура!
СДСМ заборави на тоа што го ветуваше и живее во некој паралелен свет, за кој прашање е каква голема казна ќе добие на претстојните избори. Но, да не прогнозираме, да видиме..