Не е точен бројот на починати, лажете, на 04.03 изгубив братучед на 47 год. од Охрид, не влезе во ниту една статистика. Ова е коментарот на Сокол Мариноски, на објавата на министерот за здравство Венко Филипче кој информираше за бројот на починати и заразени од коронавирусот.
На Фејсбук страницата на Филипче граѓани коментираат дека власта крие бројки и оти има се поголем број на млади лица кои умираат од последиците од корона.
Мариноски додава дека ова е втор починат во неговата фамилија што починува и оти е убеден дека се прикрива дека се намалува старосната граница а оти власта тоа го крие.