Претседателот на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ Борко Ристовски оствари средба со младите репрезентативци во пливање, кои со години беа заборавени од Агенцијата за млади и спорт.
Претседателот на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ Борко Ристовски оствари средба со младите репрезентативци во пливање, кои со години беа заборавени од Агенцијата за млади и спорт.
-Остваривме средба со младите репрезентативци во пливање кои беа заборавени од Агенцијата за млади и спорт. Им посакавме среќа и успех на претстојното европско првенство во Белград и Европскиот КОМЕН КУП во Кипар. Да ја направите Македонија горда, стои во објавата.
Со реорганизацијата на органите на државната управа, меѓу новите министерства кои се отворија е и министерството за спорт за кое ВМРО-ДПМНЕ верува дека ќе помогне во поголема промоција и поддршка на спортот.