Националниот џез оркестар на 19 февруари ќе одржи концерт во Националната опера и балет, на кој како солист ќе настапи реномираниот пијанист и органист Ренато Чико. Диригент на концертот со наслов „Organ & Big Band“ е маестро Џијан Емин.
Специјален гостин на концертот ќе биде бубњарот Енди Вотсон од Њујорк, музичар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли како „Vanguard Jazz Orchestra“ и „Toshiko Akiyoshi Big Band“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












