Поради крајно алармантната и драматична епиде милошка состојба во Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски, на неговата прва прес конференција рече дека ќе бара подолг полициски час за градот.
Нема да предолжи карантин, затоа што смета дека оваа мерка ќе придонесе за намалување на бројките на заболни, а најави и засилени контроли од полицијата и инспекторите.
-Општинскиот кризен штаб бара од главниот кризен штаб од Владата и Комисјата за заразни болести, заострување на мерките кои се однесуваат на целата територија на Општина Прилеп. Полицискиот час кој сега започнува во 22 часот, да започнува во 19 часот и да трае до 5 часот во наредните три недели, рече Илија Јованоски, градоначлник на Прилеп.
Тој рече дека голем број од граѓаните не ги почитуваат мерките, поради што бројките загрижувачки растатат.