Лошо започна мандатот на Гоце Седлоски како селектор на Фудбалска репрезентација на Македонија. По убедливиот пораз во Копенхаген (4:0) и елиминацијата во баражот за пласман на Светското првенство, селекторот се соочува и со незадоволство во репрезентативниот камп.
Александар Трајковски и Бојан Миовски го напуштија кампот пред натпреварот против Фудбалска репрезентација на Република Ирска, кој треба да се одигра на 31 март. Трајковски не настапи на дуелот против Фудбалска репрезентација на Данска, додека Миовски доби шанса во второто полувреме, кога исходот веќе беше решен. Официјално, Миовски бил ослободен по барање на неговиот клуб Глазгов Ренџерс.
„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за ваков натпревар. Нашиот план беше да добие шанса во завршницата, доколку има потреба, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден.
Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.
Од друга страна, Енис Барди и Исник Алими ќе останат со репрезентацијата, и покрај тоа што нивните клубови Коњаспор и Далиан побарале тие да бидат ослободени од обврските.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











