Македонците во Германија се подготвуваат да ја тужат државата поради пасошите
Македонците од Германија дадоа рок до 23. февруари, ако Владата не го повлече решението за поништување на пасошите, ќе ја тужат државата.
Во писмо испратено до Џафери, Фон дер Лајен, германискиот канцелар Шолц бараат македонската влада или да го повлече своето решение за поништување на важечките пасоши или државата да се погрижи за брзо и ефикасно издавање на патни исправи.
Во меѓувреме, шефот на дипломатијата во рамки на престојот во Германија, денес, го посетил Конзуларното одделение во Бон, каде што покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи. Соопшти дека како и во сите други дипломатски конзуларни претставништва и во Бон била реорганизирана работата во делот на конзуларните услуги, со цел излегување во пресрет на интересите и потребите на нашите граѓани кои живеат и работат во странство.
Од денес во Бон освен базната станица ставена е во функција и мобилна станица соцел да се скрати чекањето на нашите граѓани и да се процесуират што побрзо барањата за патни исправи.