По испеаната молитва од охридскиот архиепископ Г.Г Стефан, делегациите од државниот врв, политичките партии, дипломатскиот кор, како и внуците на револуционерот положија свежо цвеќе и се поклонија пред смртните останки на Делчев…
Прв честа да положи цвеќе ја имаше шефот на државата Пендаровски, а по него следуваше владината делегација предводена од вицепремиерот Маричиќ.
На церемонијата која традиционално се одржа во црквата под скопското кале можеа да се забележат претставници на повеќе политички партии, меѓу кои беа делегации и на најголемите… Онаа на ВМРО-ДПМНЕ ја ја предводеше потпретседателот Владо Мисајловски, додека пак на СДСМ, претседателот на партијата и доскорешен премиер Димитар Ковачевски кој порача дека денот се одбележал достоинствено…
Во главниот град на Македонија денот на раѓањето на Гоце Делечев се одбележа на неколку места, а традиционално се положи цвеќе и пред неговиот споменик во градскиот парк, каде беше делегација на Град Скопје.
Посебна манифестација се оддржа и во населбата Гоце Делчев во Гази Баба, каде по богатиот културно уметнички програм се отвори спомен биста во чест на македонскиот револуционер од страна на градоначалникот на општината Бобан Стефковски, а на истата свежо цвеќе положи 103 годишен борец на НОБ. Градоначалникот посочи дека со ова обележје била исправена децениската неправда….