Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот од 19 ракометари кои ќе ја претставуваат државата на претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.
Македонија ќе настапува во група со домаќинот Данска, како и со селекциите на Португалија и Романија, а сите натпревари од групната фаза ќе се играат во градот Хернинг.
На списокот на избрани ракометари се: Иван Галевски, Петар Атанасијевиќ, Никола Костески, Филип Кузмановски, Игор Ѓорѓиев, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Мартин Велковски, Самоил Ристевски, Никола Митревски, Мартин Томовски, Иван Џонов, Ненад Костески, Марко Митев, Павле Атанасијевиќ, Марко Стојковиќ, Никола Марковски, Мартин Серафимов и Дамјан Митев.
Од стручниот штаб информираат дека, согласно натпреварувачката форма и здравствената состојба, од списокот отпаднал Мартин Ивановски, кој беше дел од досегашниот подготвителен процес.
Македонската репрезентација во раните утрински часови ќе отпатува за Швајцарија, каде што ќе ја темпира формата преку пријателски натпревари на турнирот „Жолт куп“. На 8 јануари Македонија ќе се соочи со Бахреин од 20:30 часот, на 9 јануари против Украина, додека последниот тест пред Европското првенство ќе биде дуелот со домаќинот Швајцарија на 10 јануари од 18:30 часот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












