Игрите на среќа им ги испразнуваат џебовите на граѓаните, вели социологот Али Пајазити. Додава дека има и граѓани кои по казина и обложувалници ги оставаат пензиите и социјалната помош, со надеж дека ќе добијат повеќе. Додава дека и рекламирањето влијае негативно.
„Имаме потреба од граѓански активизам за да се спречи овој канцер без да премине во фаза кога лекувањето е невозможно. Здравствените институции се занимаваат со провокации кон образовните институции а не кон фабриките за деградација и антивредности“, вели Али Пајазити.
Џемал Абдиу од Движењето против коцкање, смета дека предлог законот на владата за дистанца од 500 метри од училишните објекти, не ги исполнува барањата на оваа Движење. Додаваат дека објектите на игри на среќа треба целосно да се затвараат.
„Откако се случи убиството на две млади лица во Визбегово, ние го сменивме мислењето и од тогаш бараме да се затвораат под секој услов, до донесувањето на добар закон кој ќе ја штити благосостојбата на граѓаните“, вели Џемал Абдиу.