Русија изврши жесток ракетен и дронски напад врз Киев и други украински региони, само неколку часа пред најавената клучна средба меѓу Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, посветена на можни преговори за прекин на војната.
Според украинските власти, во нападот биле употребени хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“. Во Киев загинале 11 лица, а осум биле хоспитализирани, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, пренесува Укринформ.
Во текот на ноќта се слушале силни експлозии, активирана била воздушната одбрана, а украинската армија преку Телеграм информираше за масовно распоредување ракети. Воздухопловните сили објавија дека беспилотни летала ги таргетирале и североисточните и јужните делови на земјата.
Претходно, Зеленски изјави дека разговорите во Флорида ќе бидат насочени кон идниот распоред на териториите по завршување на војната, започната во февруари 2022 година со инвазијата наредена од рускиот претседател Владимир Путин.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












