Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за бирање на претседател во Собранието е поради отсуство на други идеи и корисни проекти. Според него, ова е лесен дефокус за градење на тема, која ќе биде искористена во изборната кампањата.
-Јас мислам дека треба да се игнорира. Прво, не се фактор за да градат ваква тема и мислам дека не треба да се фаќаме како јавност на јадицата. Второт, дури и самата дрскост за такво нешто и тоа да се поврзе со уцена, претставува недржавен чин за партија која што сака да се претстави како државотворна и која 22 години е дел од власт, кажа Мицкоски при посетата на општина Гази Баба.
За Мицкоски предлогот за избор на претседател во Собранието е дефокус и бара да се игнорира