• Импресум
Saturday, December 6, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски го претстави документот „Стратегија Македонија 2030“ – нов идеолошки кодекс на ВМРО-ДПМНЕ

06/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски го претстави документот „Стратегија Македонија 2030“ – нов идеолошки кодекс на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање на 18. партиски конгрес го претстави документот „Стратегија Македонија 2030“, пропратено со нова парадигма, и Идиолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните.

-Последниот конгрес дојде веднаш по победата на локалните избори во 2021-та година, што всушност беше вовед и пресврт во политичкото делување на оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој 4-годишен период победивме убедливо и на претседателските избори, и на парламентрните избори со што и ја добивме одговорноста да управуваме со Владата. Овој конгрес се случува по убедливата и би рекол историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на последните локални избори. Овие победи покажаа дека Македонија заслужува иднина и напредок и дека ја оправдуваме довербата од граѓаните. Сите овие победи му припаѓаат на секој еден член, на секој еден човек кој дал влог за нашата партија. Но овие победи за мене се и одговорност, не само да се води државата, но и точно да се трасира патот каде треба да се движи во периодот што доаѓа, рече Мицкоски.

Тој посочи дека би бил неодговорен пред себе и пред делегатите, доколку се остави на стихијата и на радоста на победите, затоа што во исто време додека овде, вели, одбележуваме уште еден конгрес, неприкинато се потсетувам и мислам на тоа колку уште многу работи мораме да направиме и дека народот сеуште живее тешко и мачно и дека ние сме тие кои мораме да ги исправиме неправдите но и да донесеме надеж и иднина за генерациите што доаѓаат.

-Визијата за Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава, со економија што расте на знаење и труд, со институции што опстојуваат над политичките циклуси, со самосвесен национален идентитет, со зелен и технолошки развој, и со општество што верува во заедничката иднина. Оваа визија не е декларација. Таа е рамка за политичко дејствување. Таа бара политика што е сериозна, континуирана и спремна да ја стави државата пред дневната добивка. Токму во тоа се мери зрелоста на една политичка сила, а во следните години тука ќе се мери и зрелоста на државата, рече Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две млади деца добија шанса за нормален живот по успешни операции од донор
Вести

Две млади деца добија шанса за нормален живот по успешни операции од донор

06/12/2025
Колку што сега има дрога на улица, немало никогаш, вели Тошковски, последните 3-4 години немало никаква контрола
Вести

„Safe City“ го регистрираше Тошковски за само 1 км/ч над дозволеното

06/12/2025
Шекеринска: Русија врши хибридно влијание врз БиХ и Балканот
Вести

Шекеринска: Русија врши хибридно влијание врз БиХ и Балканот

06/12/2025
Прекршочна постапка против Општина Струга поради пропуст со знамињата
Вести

Прекршочна постапка против Општина Струга поради пропуст со знамињата

06/12/2025
Големи блокади во Грција поради доцнењето на субвенциите
Вести

Големи блокади во Грција поради доцнењето на субвенциите

06/12/2025
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Во Скопје утре врнежи, од недела повеќе сонце

06/12/2025
Следна вест
Шекеринска: Русија врши хибридно влијание врз БиХ и Балканот

Шекеринска: Русија врши хибридно влијание врз БиХ и Балканот

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.