• Импресум
Monday, November 3, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски од Кичево: Кога желбата за правда и единство се посилни од криминалот и поделбите, тогаш се испишува историја

03/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски политичар со убедливо најголема доверба кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг

Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавувајќи фотографии од Кичево каде доцна вечерта замина да му ја честита победата на Александар Јовановски над Фатмир Дехари.

-Ви благодарам Кичево, ви благодарам кичевчани, навистина окото е полно и душата е полна. Ви благодарам за се што правите за нас, рече Мицкоски.

Тој притоа му ја честита победата на новиот градоначалник на Кичево Александар Јовановски и му посака успешна работа.

– Ние како Влада, заедно со него, ќе сториме се што можеме и се што е во наша моќ да реализираме проекти, многу проекти кои ќе значат подобар живот за кичевчани и модерно, поубаво Кичево, рече Мицкоски.

Вечерва, додаде тој, ќе се радуваме едни со други ќе си подадеме рака, а од утре ќе ги засукаме ракавите. – Не чека многу работа Александар, порача Мицкоски.

– Кичево гласаше денеска за слобода, Кичево денеска се ослободи од човекот којшто се богатеше на грбот на кичевчани – и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Срби и Власи и сите останати. Човекот којшто изгуби човечност, којшто уценуваше, човекот којшто го засрамуваше и сопственото семејство со тоа што го слушавме. Тој е веќе минато, заборавено минато коешто никогаш повеќе нема да му се повтори на овој преубав град, наше заедничко Кичево, рече Мицкоски.

Според него, Кичево доби родител, татко, сопруг, доктор. Но, она што најмногу го доби денеска Кичево, е едно сплотување и обединување, нагласи Мицкоски заблагодарувајќи се на сите кои го дадоа гласот за Александар Јовановски и сите кои, како што рече, обединети застанаа и го поддржаа Александар за едно модерно, обединето, заедничко Кичево.

– Не очекуваат уште многу убави моменти во месеците и годините кои следат. Оваа доверба која политичката партија што ја водам и коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори ја потврди довербата што ја има кај граѓаните во Македонија – 55 градоначалници на овие локални избори. Заедно со огромното мнозинство во Парламентот и поддршката што ја добивме пред година и половина на парламентарните и претседателските избори, како и поддршката што ја добивме на локалните избори во 2021 година, заокружуваме еден историски циклус. Ветувам дека со ништо нема да дозволам вашата доверба, чест и достоинство некој да ги изневери. Ветувам напорна и трудољубива и пред се и над се, чесна работа. Сите да се обединиме околу политиките на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски и притоа повтрно ги повика сите – и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Ромите со пораката „Ова е наша заедничка држава и заедно ќе си ја градиме“.

Претходно, во Скопје, Мицкоски порача дека со изборот на Александар Јовановски заврши ерата на раскалашаноста на Дехари и дека почнува ера на соживот и просперитет во Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, ќе бараме измени во Изборниот законик и член во ДИК
Вести

Апасиев: Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, ќе бараме измени во Изборниот законик и член во ДИК

03/11/2025
Земјотрес утринава ја стресе и Македонија
Вести

Најмалку седум луѓе загинаа во силниот земјотрес во северен Авганистан

03/11/2025
Огласот за нов претседател на Антикорупциска ќе биде распишан утре
Вести

Седница на ДКСК, ќе постапува по изборни предмети

03/11/2025
Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 28 степени
Вести

Променливо облачно, температурите до 21 степен

03/11/2025
Венко Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Вести

Венко Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

02/11/2025
Мицкоски: Падна митот за Кичево, народот покажа дека може да се обедини
Вести

Мицкоски од Скопје оди кон Брвеница и Кичево – ќе ја прославува победата во овие две општини

02/11/2025
Следна вест
Апасиев: Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, ќе бараме измени во Изборниот законик и член во ДИК

Апасиев: Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, ќе бараме измени во Изборниот законик и член во ДИК

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.