• Импресум
Monday, November 3, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски: Падна митот за Кичево, народот покажа дека може да се обедини

02/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски: Падна митот за Кичево, народот покажа дека може да се обедини

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на прес-конференција по повод вториот круг од локалните избори 2025 година истакна дека резултатите ја покажуваат силната волја на граѓаните за промени и обединување, а како посебно значајна ја издвои победата во Кичево.

„Морам да признам една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер, а таа е од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење. Покажавме што можеме кога сме обединети,“ рече Мицкоски.

Тој нагласи дека токму оваа победа е доказ дека обединувањето околу вредностите и заедничките цели е можно, без разлика на политичката или верската припадност.

„Во Кичево соработувавме луѓе од различни вери и припадности против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите – околу политиките што им се потребни на граѓаните. Победи идејата дека Македонија е дом за сите,“ изјави Мицкоски.

Тој додаде дека победата во Кичево е симболична и испраќа порака за една пообединета и посилна Македонија.

„Падна митот дека Кичево е нечие. Победија Кичевчани. Таа победа зборува за Македонија што созрева, за народ кој не се плаши да се обедини. Кичево мора да биде и ќе биде во фокусот на владата,“ порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славчо Попоски најавува снег во Македонија – ЕВЕ КОГА
Вести

Славчо Попоски најавува снег во Македонија – ЕВЕ КОГА

03/11/2025
Тешко повреден малолетник во Скопје
Вести

Многумина го знаат: Беше познат директор – објавен идендитетот на велосипедистот кој денес беше прегазен во Скопје

03/11/2025
Трагедија во Македонија – загина младо момче
Вести

Трагедија во Македонија – загина младо момче

03/11/2025
Што жените најмногу ценат во партнерската врска, секој маж ова треба да го знае
Вести

Што жените најмногу ценат во партнерската врска, секој маж ова треба да го знае

03/11/2025
Почина Младен Жижовиќ – фудбалер, тренер и човек кој остави трага во целиот регион
Вести

Почина Младен Жижовиќ – фудбалер, тренер и човек кој остави трага во целиот регион

03/11/2025
Мицкоски е во Брисел, на Самит за проширувањето на ЕУ
Вести

Мицкоски е во Брисел, на Самит за проширувањето на ЕУ

03/11/2025
Следна вест
Мицкоски: Падна митот за Кичево, народот покажа дека може да се обедини

Мицкоски од Скопје оди кон Брвеница и Кичево - ќе ја прославува победата во овие две општини

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.