Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа во врска со соработката со Талат Џафери рече дека не верува дека техничките министри ќе реферираат кај Талат Џафери.
– Не верувам дека министрите ќе седнат на иста седница зошто таму има и заменици. Може на владина седница да присуствува било кој. Не верувам дека техничките министри ќе му реферираат на Џафери, а доколку имаме итни ситуации, сепак МВР се грижи за безбедност, тогаш ќе има координација. Не велам дека е можна саботажа на седниците, повеќе би рекол дека ќе бидат презафатени со активностите во министерствата. Многу контраверзии се поврзани околу ова име и овој човек, и тоа ќе биде формален период којшто брзо ќе го заборавиме и дека наскоро е го смениме тој закон и веќе нема да ја имаме оваа антиуставна категорија техничка влада. – рече Мицкоски.