Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Прес 24“ одговарајќи на прашање во однос на случувањата на Онкологија, настаните на клиниката за Гинекологија, и тоа што здравството останува отворена рана и дали има план за промени истакна дека е згрозен од скандалите во здравството, за онкологија по сите докази нема ниту истрага а на гинекологија се страда поради лош човечки менаџмент и некомпетентни вработувања.
„Проблемите во здравството не се само недостаток на инвестиции или ресурси за работа. Главниот проблем е и недостаток на човечкиот менаџмент. Има ли некој воопшти контрола врз вработувањата на клиника? Знаете ли дека се вработува не по диплома, туку со партиска книшка. Тие после треба да лечат и помагаат. И нормално е дека ќе има пропусти.
Да не зборам за криминалот како и за истите те исти веледрогерии кои се однесуваат како рекетари за кои профитот е најважен. Згрозен сум во однос на случувањата на Гинекологија. Таквите настани се само последица на уништеното здравство. Ќе направиме реструктуирање на здравствените политики.
И особено внимание ќе посветиме на инвестирање не само во клинички центри туку и во човечкиот потенцијал. На здравството не треба да се гледа како биро за вработување туку како на центар каде се потребни мудрите, способните и квалитетните“ нагласи Мицкоски.