Ја следам уште од утрово таа еуфорија која што се обидува да ја создаде политичката партија ДУИ, нејзините највисоки функционери за тоа дека голем успех е постигнат. Веројатно цела држава ќе беше еднакво еуфорична да се реализираше таа огромна инвестиција за нови електрични автомобили која што се најави пред година дена и за која што и државата даде државна помош. Но, освен камен темелникот во Тетово, до ден денес после година дена уште стои само тој камен темелник“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски
„Ја следам уште од утрово таа еуфорија која што се обидува да ја создаде политичката партија ДУИ, нејзините највисоки функционери за тоа дека голем успех е постигнат. Веројатно цела држава ќе беше еднакво еуфорична да се реализираше таа огромна инвестиција за нови електрични автомобили која што се најави пред година дена и за која што и државата даде државна помош.
Но, освен камен темелникот во Тетово, до ден денес после година дена уште стои само тој камен темелник“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во емисија на ТВ21.
Муцунски додаде дека граѓаните ќе беа еуфорични ако ДУИ реализираше барем една инвестиција во државата