• Импресум
Monday, October 20, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Муцунски: Очекуваме историска победа, изборите поминаа мирно и демократски

19/10/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Муцунски: Очекуваме историска победа, изборите поминаа мирно и демократски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва на прес конференција аизјави дека партијата е на прагот на голема победа и дека денешниот изборен ден поминал во мирна, фер и демократска атмосфера, каква што доликува на една европска држава.

„На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес,“ изјави Муцунски, додавајќи дека ова се „најпримерните и најмирни избори во поновата историја“.

Тој им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, нивната решителност, одлучност и доверба, нагласувајќи дека тоа е најголемата потврда за политиката и проектите што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат Македонија на дното, во безидејност и без визија. Македонија одлучи денес на тоа да стави крај,“ рече Муцунски.

Во однос на обвинувањата за наводни нерегуларности, тој истакна дека станува збор за обид на политичките противници да создадат алиби за поразот.

„Тоа е стратегија на СДСМ, партија со многу проблеми која треба конечно да се реформира. Победата што ја очекуваме ќе биде чиста и јасна – и тоа за нас значи уште поголема одговорност,“ потенцира Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: На Скопје освен генералка, и јавни претпријатија што ќе бидат функционални, му недостига и ред, има хаос и тој треба да се среди
Вести

Ѓорѓиевски: Ирелевантно е кој ќе биде второпласиран во вториот круг

19/10/2025
(Видео) Прва скопска ТВ: Османи се кандидира за градоначалник на Чаир, или за европратеник?
Вести

Османи му ја честита победата на Меџити

19/10/2025
СДСМ победи во прв круг во три општини, во 20-тина оди во втор круг, кажа Венко Филипче
Вести

СДСМ победи во прв круг во три општини, во 20-тина оди во втор круг, кажа Венко Филипче

19/10/2025
Мицкоски: Имаме градоначалници во над 30 општини, Орце ќе победи во вториот круг во Скопје
Вести

Мицкоски: Имаме градоначалници во над 30 општини, Орце ќе победи во вториот круг во Скопје

19/10/2025
Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци
Вести

Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци

19/10/2025
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 18 општини меѓу кои во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Прилеп, Битола, Гевгелија…
Вести

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 18 општини меѓу кои во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Прилеп, Битола, Гевгелија…

19/10/2025
Следна вест
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ во огромно водство во скопските општини, Левица речиси израмнета со СДСМ

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.