Тоа што опозицијата реално бара, а власта треба да го прифати е да седнеме и да го одложиме закажаниот попис за во септември. Ова барање на опозицијата треба реално и трезвено да се прифати, бидејќи се наоѓаме во момент на најголема здравствена криза, вели пратеникот во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцински.
Тој во вечерашната емисија „200“ која се емиитува на телевизија Алсат појасни дека одложување на пописот треба да има, затоа што примарен аспект е здравјето на граѓаните, што со одењето по домовите тоа е загрозено.
Муцунски додава дека сите се согласни дека е жално што во Македонија 20 години не е спровед попис на населението и дека тој и е неопходен на државата и затоа тие како ВМРО-ДПМНЕ, во услови на пандемија со корона вирусот, побараа да се спроведе електронски попис.
„Бидејќи јас семтам дека во оваа ситуација на пописот, примарниот аспект е здравјето на граѓаните. Сите се согласуваме дека е жално што во последните 20-тина години во Македонија немало попис. Тоа ни е потребно пред се да носиме и ние поквалитетни закони во Собранието. Сите се согласуваме дека треба попис, затоа ние го понудивме решението за електронски попис“, истакна Муцунски, кој децидно додаде, кога веќе се оди на теренски попис во ваква епидемиолошка ситуација, рационалната одлука е негово одложување.