Бројот на жртвите во пожарот се искачи на 44, стотици се хоспитализирани, 45 во тешка состојба.
Пожарот во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во областа Таи По, Хонг Конг, кој започнал попладне, брзо се проширил низ седум од осумте висококатници во комплексот, кој се состои од 2.000 станови и е дом на околу 4.800 жители. Комплексот бил во фаза на реновирање од јули 2024 година.
Најмалку 279 лица сè уште се водат како исчезнати, а 62 се повредени, од кои 16 се во критична состојба.
Пожарникарите се соочија со екстремно високи температури и густ чад, што ги отежнуваше спасувачките операции.
Пожарот започнал на надворешното скеле на една од зградите, 32-катна кула, и се проширил со помош на бамбусовото скеле и зелената градежна мрежа. Полицијата открила и високо запалив стиропор поставен околу прозорците на лифтовите на секој кат во една од зградите, за кој се верува дека придонел за брзото ширење.
Три лица, на возраст од 52 до 68 години, вклучувајќи двајца директори и еден инженерски консултант од градежната компанија одговорна за реновирањето, беа уапсени под сомнение за убиство од небрежност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







