Фудбалерите на Наполи со трофеј ја заокружија 2025 година. Актуелните италијански шампиони рутински го освоија Суперкупот, откако во финалето ја совладаа Болоња со 2:0.
Херој на Наполи беше Бразилецот Давид Нерез, кој со два гола го реши победникот. Ова е трет трофеј во Суперкупот за Наполи, по оние освоени во 1990 и 2014 година.
Избраниците на Антонио Конте доминираа од самиот почеток, а во стартниот состав се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Наполи му дозволи на противникот само една вистинска шанса во текот на целиот натпревар.
Првата сериозна можност ја имаше Елмас во 10. минута, кога од одлична позиција шутираше крај голот на Федерико Раваља. Во 37. минута се истакна и Раваља со брилијантна одбрана по обидот на Леонардо Спинацола во ситуација „еден на еден“.
Сепак, две минути подоцна голманот на Болоња беше совладан. Нерез постигна спектакуларен погодок од околу 23 метри и му донесе водство на Наполи.
Во второто полувреме Болоња ја имаше единствената шанса во 55. минута, но казната следеше веднаш потоа. Во 57. минута Нерез повторно погоди, искористувајќи грешка на Раваља и го постави конечниот резултат.
Елмас на теренот остана до 68. минута, кога беше заменет со Ноа Ланг.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












