Читањето на лектири е важно за подобрување на знаењата на основците. Но факт е дека учениците се помалку сакаат да читаат лектири. Како одговор на ова Министерството за образование вчера најави дека ќе го менува списокот на лектири за да се додале нови со, како што велат, поинтересни содржини.
Некои од постојните лектири од задолжителни стануваат изборни, некои ќе отпаднат, а се дава и предлог-список на нови лектири за учениците од второ до девето оделение. Во предлогот се вклучени дела што обработувале идентитет и самодоверба, пријателства и меѓучовечки односи, училишен живот и булинг и слично.
Се ова делува добро, но се е џабе ако остане се поприсутната пракса учениците да не ги читаат лектирите, туку да ги ѕирнат некаквите сижеа од две – три страници кои кружат на интернет. Значи, промените треба да се бараат и во поголема будност кај наставниците и секако кај родителите.







