На 26 декември 2025 година, околу 12:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Григор Прличев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале повеќе возила.
Патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (52) од Косово, со привремен престој во селото Арачиново, удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, како и во три контејнери за отпад. Возилото потоа удрило и во патничко возило „сузуки“ во движење, управувано од А.Ј. (24) од Скопје.
По судирите, возачот продолжил со движење, по што на крстосницата меѓу булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“ удрил во семафор и во уште едно патничко возило „ауди“ во движење, управувано од С.Г. (29) од селото Долно Лисиче.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












