За судијата Ѓоко Ристов засега нема да се бара определување притвор, ниту пак постојат информации дека тој е задржан од надлежните органи. Ристов и натаму го ужива судискиот имунитет, кој може да биде одземен исклучиво од Судски совет, по барање на судија на претходна постапка.
Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштуваат дека истрагата е во тек и дека конечна одлука за евентуални мерки ќе биде донесена во наредните денови. Како што наведуваат, јавниот обвинител ги цени сите околности и во краток рок ќе одлучи дали ќе предложи мерки за обезбедување на присуството на осомничениот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот. За време на претрес извршен по судска наредба во домот на неговите родители во Неготино, биле пронајдени 350.000 евра, скриени во соѕидан простор во ѕид.
Обвинителството наведува дека пронајдените пари се сомнителни како незаконски стекнати и дека предметот е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации добиени од Агенција за национална безбедност. Истражните дејствија продолжуваат, а во зависност од нивниот исход ќе се одлучи дали ќе се побара притвор и одземање на судискиот имунитет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












