• Импресум
Saturday, March 14, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„Ниските плати се средство за контрола“ – ССМ со остри критики пред протестот

25/01/2026
A A
Првомајски протест на ССМ под мотото „Работниците се државата“

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку отворено писмо до јавноста порача дека најавениот протест на 28 јануари не е прашање на комфор или слободно време, туку прашање на егзистенција.

Тој нагласува дека ова не е протест на кој се доаѓа „ако се има време“, ниту настан што може да се одложи со изговори за студ, темнина или лоши временски услови. Според него, протестот е директно поврзан со платите на работниците, кои одамна не се доволни за нормален живот од месец до месец.

Трендафилов посочува дека никој нема да се избори за повисоки плати доколку работниците самите не застанат зад своите права, а потоа и заеднички, преку масовен отпор. Како што наведува, протестот е одговор на долгогодишното потценување и понижување на работниците, и од страна на работодавачите и од страна на власта.

Во писмото тој истакнува дека ниските плати за едни значат акумулација на капитал, а за други средство за политичка контрола, бидејќи сиромашниот народ, според него, е полесно управлив. Додава дека граѓаните со пристојни плати и сигурна работа не би зависеле ниту од газдите, ниту од политичките елити.

Протестот, како што нагласува Трендафилов, е и борба за иднината на младите, бидејќи со мизерните плати државата ги турка младите да ја напуштаат земјата. Тој ја оцени ситуацијата како длабоко неправедна, посочувајќи дека функционерите и носителите на власт добиваат значителни зголемувања на платите, додека работниците остануваат со минимални приходи. Како пример го наведе растот на платите на избраните и именуваните лица, кои, според него, си обезбедуваат стотици евра повеќе месечно, додека граѓаните кои ги финансираат преку буџетот остануваат без вистинска грижа.

Трендафилов упати јасен апел до работниците и граѓаните да не се плашат и масовно да им се придружат на синдикатите на 28 јануари. Главната цел на протестот е зголемување на платите за најмалку 6.000 денари, односно зголемување на минималната плата на 600 евра.

Протестот ќе започне во 17 часот пред Работничкиот дом во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Собранието, Стопанската комора и зградата на Владата. Организаторите информираат дека ќе биде обезбеден коридор за итни случаи, со цел протестот да помине мирно, но јасно и гласно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено
Вести

Жичницата на Водно времено стопирана, ЈСП најавува повторно пуштање наскоро

12/03/2026
Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит
Вести

Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

12/03/2026
Ужасна вест: Прегазено 4-годишно дете
Вести

Автомобил удрил во 4-годишник во Скопје, детето со тешки повреди

12/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Малолетник пријавил напад во Скопје – едниот напаѓач пукал со оружје

12/03/2026
Мајсторoт Лазаров има нешто да им каже на ракометарите, но и другите спортисти во Македонија
Вести

Македонија без Митревски против Австрија

12/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево
Вести

Трагедија во Скопје: Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар

12/03/2026
Следна вест
Русија ја критикува интервенцијата на САД и ја поддржува сувереноста на Венецуела

Русија со порака до САД: Прво слобода за Мадуро, па се друго

Најнови вести

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено

Жичницата на Водно времено стопирана, ЈСП најавува повторно пуштање наскоро

12/03/2026
Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

12/03/2026
Ужасна вест: Прегазено 4-годишно дете

Автомобил удрил во 4-годишник во Скопје, детето со тешки повреди

12/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Малолетник пријавил напад во Скопје – едниот напаѓач пукал со оружје

12/03/2026
Мајсторoт Лазаров има нешто да им каже на ракометарите, но и другите спортисти во Македонија

Македонија без Митревски против Австрија

12/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево

Трагедија во Скопје: Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар

12/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.