Новак Ѓоковиќ обезбеди директен пласман во четвртфиналето на Австралија опен, откако неговиот противник во осминафиналето, Јакуб Меншик од Чешка, го предаде мечот без одигран поен.
Меншик се повлече од турнирот поради повреда на стомачниот мускул, која, како што соопшти, се влошувала во текот на претходните натпревари. Одлуката ја објави преку својот профил на Инстаграм, наведувајќи дека по консултации со медицинскиот тим било проценето дека настапот претставува ризик за неговото здравје.
Иако не настапи против Ѓоковиќ, Меншик истакна дека настапот на Австралија опен му претставува значајно искуство, особено бидејќи за првпат стигна до четвртото коло на гренд-слем турнир, изразувајќи благодарност до тимот и публиката во Мелбурн.
Чешкиот тенисер важеше за потенцијално незгоден противник за српскиот ас, особено поради победата што ја забележа против Ѓоковиќ на Мастерс турнирот во Мајами минатата година.
Со ваквиот развој на настаните, Ѓоковиќ ќе има пауза од четири дена и во четвртфиналето ќе го чека победникот од дуелот меѓу Лоренцо Музети од Италија и Американецот Тејлор Фриц.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












