Сопственикот на барот во кој се случи смртоносниот пожар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана е познат на француското правосудство по тешки кривични дела извршени пред околу две децении. Како што објавува Le Parisien, станува збор за шеесетгодишен маж со потекло од Корзика, кој бил осуден и издржувал затворска казна во регионот Савоја поради подведување, измама, киднапирање и противправно лишување од слобода.
Според полициски извори, по издржувањето на затворската казна, тој повеќе не бил поврзуван со организиран криминал. На прашање упатено од швајцарскиот весник 20 Minuten до француските правосудни органи, до моментот на објавување на текстот не бил добиен официјален одговор.
Сопственикот и неговата сопруга биле сослушани како сведоци во рамки на истрагата за пожарот што избувна во новогодишната ноќ, во кој загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 119 беа повредени. Како што соопшти главната обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пило, засега не е покрената кривична постапка, а евентуалните обвиненија ќе зависат од резултатите на истрагата.
Брачниот пар од почетокот на 2000-тите години управувал со уште два угостителски објекти во Кран-Монтана – „Le Senso“ и „Le Vieux Chalet“. Во моментот кога избувнал пожарот, сопственикот се наоѓал во еден од тие ресторани, додека неговата сопруга била присутна во барот „Le Constellation“. Таа во инцидентот била повредена, но подоцна била пуштена од болница.
И покрај трагедијата и информациите за неговото минато, дел од гостите и локалната заедница го опишуваат сопственикот како коректен и посветен угостител.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












