Општина Кичево ги објави долгочекуваните детали за дводневната програма со која ќе се одбележи дочекот на Новата 2026 година на градскиот плоштад, понудена со цел да ги обедини сите жители и гости во празнична атмосфера. Градоначалникот Д-р Александар Јовановски ја истакна позитивната енергија и богатството на настаните, кои ќе понудат забава и музика за сите генерации.
Празничните случувања започнуваат на 30 декември во 12:30 часот со настапи на локални играорни групи составени од учесници од различни етнички заедници, со што се нагласува културната разновидност и заедништво во Кичево.
На 31 декември програмата е посветена на најмладите: од 11:30 часот ќе следува детска новогодишна забава со настапи на „Академија Кристина“ и дуетот „Биби и Боби“, а кулминацијата ќе биде пристигнувањето на Дедо Мраз, кој ќе им подели пакетчиња на децата од градските градинки.
Во вечерните часови на 31 декември, со почеток во 20:00 часот, започнува големата музичка програма што ќе донесе празнична атмосфера и забава за сите генерации. На сцената се најавени настапи на повеќе музички имиња, меѓу кои се Ани Малинкова, Елвис Зенкоски, Јасмин Хусоски, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски, Сузана Спасовска, Rozafa Etemi & Black Jack, како и групите Љубојна, Фолтин, Addicted Band, Phoenix Band и Future Band.
Граѓаните се поканети да се приклучат на прославата, да уживаат во музиката, заедништвото и празничната атмосфера и заедно да ја дочекаат Новата 2026 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












