• Импресум
Friday, October 17, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Одбележување на Деновите на европското наследство 2025

02/09/2025
A A
Одбележување на Деновите на европското наследство 2025

По повод Деновите на европското наследство 2025, кои годинава се посветени на архитектурата, денеска илјадници згради и културни установи ширум Европа ќе ги отворат своите врати за посетителите, а ќе бидат организирани и туристички тури, изложби, работилници, претстави и дигитални перформанси.

– Фокусот оваа година е на архитектурата, не само како наследство што треба да се зачува, туку и како жив запис за тоа како заедниците живеат, се прилагодуваат низ генерациите и обликуваат поодржлива иднина, соопшти Европската комисија.

Целта на ставањето на фокусот на архитектурата е да се даде поширока претстава за значењето на зградите во пракса, како се тие направени, кому му користат и како ги одразуваат променливите потреби низ општествата.

– Идентитетот на секој град, село и населено место низ Европа е обликуван од неговата архитектура. Таа дава значење и чувство на припадност на местата што ги нарекуваме дом, изјави еврокомесарот за меѓугенерациска праведност, млади, култура и спорт Глен Микалеф, по повод одбележувањето на Европските денови на наследството.

Според него, начинот на кој го заштитуваме и цениме нашето архитектонско наследство ја одразува онаа Европа што сакаме да им ја пренесеме на идните генерации.

– Зачувувањето на тоа наследство е почит кон нашето минато, а воедно и градење поинклузивна културна, социјална и еколошка иднина, додаде Микалеф.

Деновите на европското наследство се чествуваат од 1989 година на иницијатива на Советот на Европа, а од 1999 година кон нивното одбележување се приклучи и Европската комисија, финансирајќи проекти преку програмата „Креативна Европа“. Само за овогодишните Денови на европското наследство, Еврокомисијата одвои 400.000 евра.

Покрај, големиот број настани и манифестации во рамки на Деновите на европското наследство се доделуваат и награди насловени „Европа Ностра“ за извонредни достигнувања кои промовираат најдобри практики и поставуваат нови стандарди во зачувувањето и промоцијата на материјалното и нематеријалното наследство на Европа.

Добитниците на овие награди за 2025 година ќе бидат објавени на посебна церемонија на 13 октомври во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој сме
Вести

Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој сме

17/10/2025
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Можна е нова средба Трамп – Путин, овојпат во Будимпешта?

17/10/2025
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР

17/10/2025
Сончево и топло со локална облачност
Вести

Времето денеска претежно облачно

17/10/2025
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните
Вести

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

17/10/2025
Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност
Вести

Мицкоски: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е достоинствена и насочена кон решенија, СДСМ води црна кампања

16/10/2025
Следна вест
Наставните планови и програми ќе мора да се променат, вели Јаневска, затоа што очигледно не даваат ефект

Министерката за образование во посета на ОУ „Блаже Конески“

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.