Градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во реализираните активности во подрачното училиште „Ристо Крле“ во Бунарџик, при што истакна дека инвестициите во образованието се еден од највисоките приоритети на локалната самоуправа.
Ова училиште добива адаптирана е просторија за одделенска настава, како и мини сала за физичко и здравствено образование, опремена со соодветни спортски реквизити.
Во централното училиште пак училиште во Кадино поставени се нови чешми и сензорни диспанзери за течен сапун, извршена е целосна замена на вентилните топсифони и огледалата во тоалетите. Дополнително, училишната библиотека е збогатена со околу 300 нови лектирни изданија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












