„Денес, заедно со градоначалникот Јане Мицевски сме на терен во областа Теферич, каде со заеднички ресурси со Општина Сопиште почнуваме да работиме на расчистување на теренот, сподели преку социјалните мрежи градоначалничката на Општина Кисела Вода“, Бети Стаменкоска Трајкоска.
Таа посочи дека на барање на жителите, ангажирале багери и скипови за отстранување на депониите со шут и отпад, додека екипите со тримери ги уредуваат обраснатите јавни површини.
Во акцијата се вклучени 40 работници кои активно работат на расчистување на насобраниот отпад.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












