• Импресум
Monday, October 20, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Османи му ја честита победата на Меџити

19/10/2025
A A
(Видео) Прва скопска ТВ: Османи се кандидира за градоначалник на Чаир, или за европратеник?

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат Изет Меџити од коалицијата Вреди и му посака успех во водењето на општината во следните четири години.

Османи, во објава на својот профил на Фејсбук, оцени дека изборниот ден поминал успешно и без поголеми забелешки, нагласувајќи дека тоа е важно за довербата во изборниот процес. Тој се заблагодари на сите соработници кои биле дел од кампањата и посочи дека било вистинска чест да се работи со посветеност и жртва во процес во кој, како што наведува, се создала визија за Чаир, но и многу нови пријателства.

– Најпрво би сакал да го изразам моето задоволство од изборниот ден. Имавме успешни избори, без големи забелешки, што е важно да се нагласи. Сакам да ја изразам мојата благодарност до сите соработници во текот на целата кампања – активисти, партиски и коалициски пријатели, поддржувачи, женски и младински форум. Беше вистинска чест да се работи со посветеност и жртва во процес во кој се создаде прекрасна визија за Чаир, но и многу нови пријателства – напиша Османи.

Во објавата тој додава дека, иако кампањата не била целосно фер и легална во сите аспекти, нема намера да се жали, бидејќи, како што вели, чесноста и вредностите имаат смисла само кога се одржуваат и во вакви ситуации. Тој му честиташе на Меџити и на коалицијата што застанала зад него, нарекувајќи ги победници на изборите во Чаир и посакувајќи им успех во водењето на општината во наредниот четиригодишен мандат. Во објавата Османи изрази благодарност и до своето семејство, кое, како што вели, го понело најголемиот товар од неговиот политички ангажман.

– Честитки до мојот противкандидат и до целата коалиција што застана зад него. Тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. На крајот, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, тие го понесоа најголемиот товар од мојот политички ангажман, но оттаму добив и најсилна поддршка – вели Османи најавувајќи ги своите следни чекори во наредните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: На Скопје освен генералка, и јавни претпријатија што ќе бидат функционални, му недостига и ред, има хаос и тој треба да се среди
Вести

Ѓорѓиевски: Ирелевантно е кој ќе биде второпласиран во вториот круг

19/10/2025
СДСМ победи во прв круг во три општини, во 20-тина оди во втор круг, кажа Венко Филипче
Вести

СДСМ победи во прв круг во три општини, во 20-тина оди во втор круг, кажа Венко Филипче

19/10/2025
Мицкоски: Имаме градоначалници во над 30 општини, Орце ќе победи во вториот круг во Скопје
Вести

Мицкоски: Имаме градоначалници во над 30 општини, Орце ќе победи во вториот круг во Скопје

19/10/2025
Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци
Вести

Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци

19/10/2025
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 18 општини меѓу кои во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Прилеп, Битола, Гевгелија…
Вести

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 18 општини меѓу кои во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Прилеп, Битола, Гевгелија…

19/10/2025
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во огромно водство во скопските општини, Левица речиси израмнета со СДСМ

19/10/2025
Следна вест
Ѓорѓиевски: На Скопје освен генералка, и јавни претпријатија што ќе бидат функционални, му недостига и ред, има хаос и тој треба да се среди

Ѓорѓиевски: Ирелевантно е кој ќе биде второпласиран во вториот круг

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.