• Импресум
Friday, January 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Осомничениот избегал во Косово каде е лишен од слобода – Расчистено убиството во Старата скопска чаршија

02/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

По темелна истрага спроведена од полициски службеници од СВР Скопје, односно Единицата за насилен криминал и Одделението за крвни деликти, под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, целосно е расчистен крвавиот инцидент што се случи за време на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против М.Т. (25), државјанин на Република Турција со престојувалиште во Тетово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство од член 123 од Кривичниот законик, како и убиство во обид, согласно истиот член во врска со член 19.

Според истрагата, осомничениот во текот на ноќта започнал вербална расправија со А.М.Д. (22) и Ч.Е. (23), двајцата од Турција, во кафе-бар во чаршијата. По конфликтот, оштетените заедно со уште неколку лица се упатиле кон плоштадот, но откако не успеале да пронајдат такси, се вратиле назад и повторно поминале во близина на истиот локал.

При повторната средба, расправијата ескалирала, по што М.Т. извадил нож и му задал четири убодни рани во пределот на градниот кош и срцето на А.М.Д., кој починал на самото место. Со уште еден убод му нанел тешка телесна повреда на Ч.Е., со намера да го лиши од живот, по што избегал од местото на настанот.

Во рамки на постапката, по наредба на јавен обвинител била извршена обдукција на починатиот, биле подигнати материјални траги за вештачење, реализирани разговори со повеќе лица и анализирани снимки од видео надзор, преку кои е утврден идентитетот на осомничениот.

По преземени оперативно-тактички мерки, полицијата утврдила дека осомничениот се наоѓа на територијата на Косово, каде што е лишен од слобода од страна на тамошните безбедносни органи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13-годишник со „бмв“ се судри со автомобил, две лица со тешки повреди во болница
Вести

Детето повредено од метален предмет за време на огнометот не преживеа

02/01/2026
Швајцарска трагедија: Познато каква е состојбата на сопствениците на „Le Constellation“
Вести

Швајцарска трагедија: Познато каква е состојбата на сопствениците на „Le Constellation“

02/01/2026
Потврдена првата жртва од смртоносниот пожар во Швајцарија – млад спортист од Италија
Вести

Потврдена првата жртва од смртоносниот пожар во Швајцарија – млад спортист од Италија

02/01/2026
Исчезна млад Македонец по пожар во познат ски-центар во Швајцарија
Вести

Се уште нема информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран Монтана, бројот на жртвите се покачи на 47

02/01/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена
Вести

Скандал со тендери во РЕК Битола: Обезбедени пари, злато и возила во истрагата

02/01/2026
Исчезна млад Македонец по пожар во познат ски-центар во Швајцарија
Вести

Исчезна млад Македонец по пожар во познат ски-центар во Швајцарија

01/01/2026

Најнови вести

МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

Осомничениот избегал во Косово каде е лишен од слобода – Расчистено убиството во Старата скопска чаршија

02/01/2026
13-годишник со „бмв“ се судри со автомобил, две лица со тешки повреди во болница

Детето повредено од метален предмет за време на огнометот не преживеа

02/01/2026
Швајцарска трагедија: Познато каква е состојбата на сопствениците на „Le Constellation“

Швајцарска трагедија: Познато каква е состојбата на сопствениците на „Le Constellation“

02/01/2026
Потврдена првата жртва од смртоносниот пожар во Швајцарија – млад спортист од Италија

Потврдена првата жртва од смртоносниот пожар во Швајцарија – млад спортист од Италија

02/01/2026
Исчезна млад Македонец по пожар во познат ски-центар во Швајцарија

Се уште нема информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран Монтана, бројот на жртвите се покачи на 47

02/01/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Скандал со тендери во РЕК Битола: Обезбедени пари, злато и возила во истрагата

02/01/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.