Девојки, жени, сигурно многу пати ви се случило да ви се скрши карминот. Многумина во тој момент едноставно го фрлаат карминот, не размислувајќи дека постои многу подобро решение.
Затоа знајте, следен пат кога карминот ќе ви се скрши, се што ви треба е запалка. Скршениот дел од карминот ставете го во фрижидер на околу 10 минути за да се олади и стегне. Потоа, делот кој паднал загрејте го со запалка и внимателно залепете го на остатокот од карминот, што исто така претходно ќе го загреете со запаллка. Внимателно спојте ги деловите.
Откако карминот ќе се залепи, вратете го во фрижидер на околу еден час за да се стегне како што треба и да можете веднаш да го користите како никогаш да не се скршил.