• Импресум
Sunday, November 16, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме

06/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме

Седечкиот начин на живот стана глобална здравствена криза. Експертите сè повеќе го споредуваат со пушењето, бидејќи долготрајното седење го зголемува ризикот од сериозни болести и предвремена смрт.

И покрај бројните предупредувања, повеќето луѓе сè уште поминуваат премалку време во движење, пишува „Tајмс оф Индија“.

Според Светската здравствена организација (СЗО), четири до пет милиони смртни случаи годишно би можеле да се спречат со само малку повеќе дневна физичка активност. Но, реалноста е поразителна: едно од четири возрасни лица и четири од пет адолесценти не се доволно активни. Премногу време се поминува седејќи, на работа, во автомобил или пред екран, создавајќи тивка епидемија што станува еден од водечките фактори на ризик за незаразни болести.

Зошто движењето е клучно?

Како што пренесува „Тајмс оф Индија“, докажано е дека редовната физичка активност:

• Го намалува ризикот од неколку видови рак за 8 до 28 отсто;

• Го намалува ризикот од срцеви болести и мозочен удар за 19 отсто;

• Го намалува ризикот од дијабетес за 17 отсто;

• Го намалува ризикот од депресија и деменција за 28 до 32 отсто.

Британскиот лекар д-р Ранган Чатерџи, со над 23 години искуство, предупредува: „Ако сакате добро здравје на мозокот и срцето и ако сакате да функционирате најдобро како што стареете, мора да го движите своето тело.“

Тој додава дека ништо не треба да застане помеѓу нас и движењето што го одржува телото здраво.

Ново истражување објавено во списанието на „Канадската медицинска асоцијација“ покажало дека активноста:

• Го намалува ризикот од хронични болести;

• Ја одржува силата и мобилноста;

• Ја продолжува независноста во староста.

Д-р Чатерџи ја наведува и својата рутина: „95 отсто од времето одам пеш барем еден час на ден. Тоа е моја свесна одлука.“

Што веќе сега можете да направите за да го намалите влијанието на седечкиот начин на живот?

Можете веднаш да реагирате, а експертите ги издвојуваат овие совети:

• Станете и кратко прошетајте на секои 30 минути.

• Паркирајте го автомобилот малку подалеку и прошетајте

• Качувајте се по скали и помалку користете го лифтот

• Шетајте наоколу во текот на телефонски разговори, немојте да седите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тажната вест се прошири пред малку: Синоќа починал познатиот македонски музичар
Вести

Тажната вест се прошири пред малку: Синоќа починал познатиот македонски музичар

13/11/2025
Дневен хороскоп за понеделник, 1-ви јули 2024-та
Вести

Кои хороскопски знаци ќе иницираат развод до крајот на 2025 година?

11/11/2025
11/11: Важен датум кој ни покажува што да правиме во иднина
Вести

11/11: Важен датум кој ни покажува што да правиме во иднина

11/11/2025
Фејсбук повторно достапен, но не и Инстаграм
Вести

Данска ги забрани социјалните мрежи за сите деца до 15 години

08/11/2025
Не е само изборот на лектири важен за учениците да сакаат да читаат
Живот

Не е само изборот на лектири важен за учениците да сакаат да читаат

06/11/2025
Огромен интерес на инвеститорите за биткоин ЕТФ фондовите
Вести

Биткоинот падна под 100.000 долари

05/11/2025
Следна вест
Премиерот Мицкоски објави: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!

Премиерот Мицкоски објави: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.