Пазарниот инспекторат вечерва затвори две скопски кафулиња во центарот на градот. Порталот сдк.мк објави и фотграфии кои ги добиле од Пазарниот инспекторат на кои се гледа дека и во двата локали било полно, а според информациите имало журка, без да се почитуваат никави протоколи за заштита од ширење на коронавирусот кои се во сила.
Според телевизијата канал 5 биле затворени кафе барот „Интермецо“, барот „Кичен“, но и објект полн со стриптизети во Крушопек.
Директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски за сдк.мк изјавил дека едното кафуле се наоѓа во близина на Министерството за здравство и Клиничкиот центар и во моментот кога дошле инспекторите било толку полно што луѓе не можеле да се разминат.
Второто кафул е во населбата Капиштец и гостите биле затекнати како се забавуваат како во времето пред пандемијата.
– Начекавме атмосфера на разиграни млади луѓе, гласна музика, со еден збор на големо кршење на ковид протоколите. Двете кафулињата ги празниме без асистенција на полиција. Ќе бидат затворени од 10 до 30 дена, ќе заработат парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава. Денеска затворивме и една игротека во која се славеше роденден со повеќе славеници – изјавил Пауновски.