Денес, 28 ноември, голем број населени места во Тетовско ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини најавени од енергетските служби. Исклучувањата ќе траат во различни интервали – од 08:00 до 12:00 часот, од 09:00 до 14:00 часот, како и до 14:30 часот на поединечни локации.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат: Доброште, Јажинце, Ораќе, Теарце, Слатино, Старо Село, Одри, Туденце, Јегуновце, Пршовце, Варвара, Глоги, Лешок и Нераште.
Во истиот термин прекин е најавен и за Подбрегје, Раотинце, Беловиште, Првце, Копанце, Вратница, Јанчиште и Рогачево.
Вториот блок на исклучувања, од 09:00 до 14:00 часот, ги опфаќа: Желино, Подбрегје, Јанчиште, Јегуновце, Раотинце, Прељубиште, Туденце и Копанце. Делови од Желино и Ново Село ќе бидат без електрична енергија до 14:30 часот.
Прекин е најавен и во делови од Тетово – објектите на улицата „Иво Лола Рибар“ и околината на Градскиот стадион ќе бидат без струја од 09:00 до 14:30 часот. Село Палатица исто така ќе има прекин од 09:00 до 14:00 часот.
Компанијата апелира граѓаните навремено да се подготват, особено домаќинствата и фирмите кои зависат од електрична енергија, бидејќи прекините ќе опфатат значителен дел од тетовскиот регион.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







