Дел од македонските државни функционери конечно се зафатија да го решаваат хаосот и понижувањата кои ги трпат граѓаните поради наметнатиот рок до 12 февруари да ги сменат личните документи. Од власта сега решително велат дека се ќе направат само за доброто на граѓаните. Ама…
Прво министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ноември изјави дека процесот на менувањето „ќе заврши во наредните два месеца“. Најверојатно чекувајки народот да трпи, да чека на мразот и дождот, да припаѓа од умор, да се кара, да доаќа по три пати… и така полека – полека проблемот да се реши.
Но, хаосот се трупаше. Понижувањето на населението го допре дното.
Сега пак, премиерот Димитар Ковачевски притиснат од негодувањата изјавува дека наметнатиот рок ќе се продолжел „доколку биде потребно“.
– До сега се издадени 1,2 милиони пасоши не е мала бројка. Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата, рече во петокот Ковачевски.
И, сега станува главната збунка. Како бе тоа премиерот ни порачува дека ќе се реагирало „ако се покажело за потребно“?
Па знае ли Ковачевски дека рокот кој го наметна да се сменат пасошите доаѓа за еден месец? Знае тој уште колку граѓани на Македонија немаат пасоши со „Северна“? Нели веќе знае дека до сега се издале само 1,2 милиони?
И главното прашање на Ковачевски: Може ли МВР за 30 дена да издаде околу еден милион пасоши и така да се спази рокот кој власта го наметна?
Премиерот мора да си одговори на овие прашања веќе попладнево и веднаш од утре да почне со постапките за одложување на ултимативниот рок – оти е очигледно дека ИМА ПОТРЕБА ОД ТОА.
Зарем во Владата се уште веруваат дека во наредните триесетина дена сите преостанати граѓани може да ги сменат личните документи? Или може Ковачевски е опуште затоа што е премиер уште две недели, па дуги нека му ја мислат потоа?
Ако македонски пасоши имаат околу 2,5 милиони лица. Според некои проценки треба уште две – три години да се сменат сите. Но, еве да земеме дека многумина нема да бараат пасоши веднаш, па затоа реално е дека одложувањето треба да биде најмалку уште една година. Време во кое властите ќе треба многу повеќе да се подготват и организираат околу оваа операција – која граѓаните всушност и не ја подржаа, а ја плаќаат високата цена.
Целиот текст можете да го прочитате на skopskoeho.mk