Смртта на генералот Фанил Сарваров во Москва е ужасно убиство, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков додаде дека руските безбедносни служби ќе преземат се што е потребно во рамки на истрагата за убиството, пренесе „РИА Новости“.
Според Рускиот истражен комитет, Сарваров, началник на одделот за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили, бил тешко повреден кога експлодирала направа поставена под неговиот автомобил порано денес во Москва. Тој починал на пат кон болница.
Руските власти започнаа истрага за убиство извршено на генерален опасен начин и недозволена трговија со експлозиви. Според „РИА“, постои можност експлозијата да била дело на украинските разузнавачки служби.
Сарваров беше началник на Дирекцијата за оперативна обука на вооружените сили од мај 2024 година и бил унапреден во чин генерал-потполковник со претседателски декрет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












