Најмалку 47 лица го загубија животот, а 115 се повредени во голем пожар што избувна за време на новогодишната ноќ во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, во југозападниот дел на Швајцарија.
Пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ во барот „Ле Констелејшн“, каде во моментот имало голем број гости од различни земји. Надлежните служби потврдија дека објектот бил преполн, што дополнително ја отежнало евакуацијата.
Главниот регионален обвинител соопшти дека случајот официјално се води како пожар и дека, според досегашните сознанија, е исклучена можноста за намерен напад. Истрагата за причините за избувнувањето на огнот сè уште е во тек.
Италијанско Министерство за надворешни работи информира дека 16 италијански државјани се водат како исчезнати, додека меѓу 12 и 15 лица се хоспитализирани. Повредени се и девет државјани на Франција, а осум француски граѓани сè уште се бараат.
Првата официјално идентификувана жртва е 17-годишниот италијански голфер Емануеле Галепини. Веста за неговата смрт ја потврди Италијанската голф федерација, која во соопштението изрази длабоко жалење, опишувајќи го како млад спортист со исклучителна посветеност и спортски вредности.
„Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство и сите кои го познаваа и сакаа“, се наведува во соопштението на федерацијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










