Вчера во 10:45 часот, во СВР Велес било пријавено дека избувнал пожар во свињарска фарма во село Долно Чичево, Општина Градско, сопственост на правно лице.
Во пожарот угинале шест животни, а причинета е значителна материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица побарале лекарска помош во Општа болница Неготино и уште три лица во Општа болница Кавадарци.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Велес. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.
Од Територијалната противпожарна единица Велес информираат дека дојавата за пожарот била примена во 10:37 часот, при што се работело за запалена хала во свињарската фарма „АГРИА“ во село Горно Чичево.
На терен интервенирале две противпожарни возила и пет пожарникари. По пристигнувањето, пожарот бил затекнат во развиена фаза, зафаќајќи ја кровната конструкција. Благодарение на брзата интервенција, пожарот бил локализиран и спречено било негово ширење кон останатите хали.
Во интервенцијата немало повредени лица, но причинета е материјална штета, информираат од ТППЕ Велес.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












